Младата поп пејачка Александра Јанева предпразнично има изненадување за своите обожаватели и фанови на нејзината музика.
Имено,Јенава пред неколку дена во забавно музичката емисија на МРТ „Стисни плеј“ го промовираше својот деби албум насловен „Срце отвори“, по насловот на истоимената песна која ја објави во 2019 година.
Па така, деновиве во животот на талентираната струмичанка се’ се врти околу нејзиното музичко првенче.
View this post on Instagram
-Патот кон отворањето на моето срце беше долг и среќна сум што бевте трпеливи секоја минута, ден, година одејќи го заедно со мене. Многу соработници, пријатели, музичари несебично ми помогнаа и ги надополнија сите мои замисли и идеи. Деби албумот е компилација од сите рефрени кои се пееја гласно и енергично во изминативе години. Долго се двоумев кога и како да го направам овој пресек, но 2020 година реши да стави многу активности на пауза. Реши да не` научи да застанеме, длабоко да размислуваме за делата кои ги правиме и за тоа какво значење имаат. А овој албум има огромно значење за мене! Периодов подготвив доволна количина за сите кои сакате да го имате ЦД-то и со тоа заеднички да направиме хумано дело. Одлучив сите средства од продажбата да бидат донирани. Сите собрани средства од продажбата ќе бидат донирани на Ковид пациент/и на кои им се потребни финансии за болничко лекување, пишува Александра Јанева на своите профили на социјалните мрежи.
Сакајќи што повеќе да зборува и да акцентира на албумот, пејачката го фотографираше и до својата уникатна елка во домот од која преовладуваат белите детали.
Отворете срце, купете го албумот, слушајте квалитетна македонска музика и бидете хумани!