Мегафон скандал

Срамен гест: Андреа го фрли македонското знаме на тиркизниот евровизиски килим (ВИДЕО)

Срамен гест: Андреа го фрли македонското знаме на тиркизниот евровизиски килим (ВИДЕО)

Македонската евровизиска преставничка Андреа Коевска, која патем е избор на МРТ и во Торино заедно со македонската евровизиска делегација престојуваат со пари од граѓаните кои го полнат македонскиот буџет, го фрли македонското знаме на земја. Да, верувале или не, тоа е вистинја.

Имено, според видеото кое имате можност да го погледнете подолу, Андреа се фотографираше со знамето на Република Македонија, а подоцна одлучи истото да го фрли на земја и да се фотографира без него.

Според законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата истото е забрането. Според член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на било кој друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

To top