Радио Милева

Срам: Пејачката која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ мисли дека ликот на Саша Поповиќ стои на банкнота од 100 динари

Срам: Пејачката која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ мисли дека ликот на Саша Поповиќ стои на банкнота од 100 динари

Дека Саша Поповиќ е многу важен во животот на бројни пејачи, на кои им дава медиумски простор во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, како и во другите емисии поврзани со оваа продукција, е познато на сите. За некои од тие пејачки, Поповиќ е попрепознатлив лик и од Никола Тесла.

Имено, Александра Тадиќ – Ципка, пејачка која го освои своето место во шоуто учествувајќи во споменатиот ТВ формат, каде што минатата година беше под менторство на Вики Миљковиќ, ги изненади сите кога го одговараше тестот на „Хит Информер“.

На прашањето чиј лик е на банкнотата од 100 динари, Александра одговори:

фото:ципка/инстаграм

– Мислам дека Саша Поповиќ е на 100 динари. Ако не, тогаш е вистински срам. Тој треба да биде на таа банкнота, бидејќи тој е цар на шоу-бизнисот.

Инаку, ликот на Никола Тесла, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат е како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци, се наоѓа на српската банкнота од 100 динари.

To top