Јелена Карлеуша и Милан Радуловиќ Лаќа синоќа и официјално ја прекинаа соработката. Најпрвин синот на Марина Туцаковиќ објави на Твитер: „Порака до сите што чекаат на АЛФА: Ги повлеков сите текстови!“
Музичката ѕвезда го дочека утрото и разјасни за што се работи.
„Ова се пораки од Милан Радуловиќ Лаќа, син на Марина Туцаковиќ, кои ми ги испрати синоќа. Тој имаше два текста на мојот претстоен албум. Едниот, на песната на Дарко Димитров, го објави од ведро небо синоќа на Твитер. Со закани. За двата текста овој „автор“ е платен пред една година, пред сведоци. Поради Марина Туцаковиќ и поради сожалување за неговата психичка состојба и зависност, јас и моите колеги приватно ги трпевме постојаните напади на лудило и навреди на Радуловиќ. Молчевме и за неговата измама на јавноста дека тој е автор на сите мои текстови на албумот. На албумот има вкупно 16 песни, а два текста се заменети. Ги предупредувам колегите да се заштитат од такви ’луѓе’ со заверени договори“, напишала Карлеуша на Инстаграм и ги прикачила не баш пријатните СМС пораки кои ги разменила со Радуловиќ.
„Ќе ве замолам да престанете да пишувате глупости на Твитер. Не морам да ја трпам твојата зависност од дрога. Ако напишеш уште една глупост, текстовите нема да ти работат и ќе те замолам веднаш да ми ги вратиш парите. Од почит кон Марина ги трпам вашите испади, но сега претеравте“, е една од поблагите пораки.
фото: Instagram, Luka Šarac