Радио Милева креација и модел

Спортска елеганција со овошна инспирација: Сопругата на Борко Ристевски реши да се проба во модниот дизајн, а првата креција на Нина ја облече сестра и (ФОТО)

Спортска елеганција со овошна инспирација: Сопругата на Борко Ристевски реши да се проба во модниот дизајн, а првата креција на Нина ја облече сестра и (ФОТО)

Николина Нина Ристовска, сопругата на македонскиот „министер за одбрана“, ракометниот репрезентативен голман Борко Ристовски по се’ изгледа си најде нова занимација…А можеби и идна професија?!

Имено, некогашната манекенка и модел, по се изгледа одново и се враќа на првата љубов, кога е љубовта кон работата во прашање!? Бракот со Борко како негова сопруга и мајка на малиот Душан максимално ја исполнија како жена, која сепак, сега кога сите се заедно дома во Скопје, а синчето веќе доволно потпорасна, посака времето да го исполни со нешто што ќе ја исполни и неа самата како креативна личност.

Модата е она што и отпорано го знае, па атрактивната кумановка по се изгледа решила да се проба во модниот дизајн, овој пат како моден креатор. Она што како инспирација го добила се секско нештата што ја опкружуваат. Летото е акуелно годишно доба, па моделот кој Нина го креирала е токму таков – летен. Кусо мини здолниште во кремаво-бела боја и горен дел во исто таков колорит, прошаран со ракави во небесно сина, со машни и патент кој ги спојува двата дела кои можат да се носат и заедно и одделно, на парче – секој засебно.

Интересна комбинација која за промоција доби уште две нешта инспирирани од она што Нина ја опкружува. Спортот, за кој и од кој таа и семејството живат, па моделот го изрекламира како да се во прашање различни спортови со топка: Ракомет, рагби, фудбал, тенис… Само што наместо вистински топки, истите се заменети со летни или јужни овошја со топчест облик, како диња, лубеница, лимон… Интересно, креативно и мошне допадливо, нема што.

И ако на сето тоа му се додаде „јаготката на шлагот“, односно моделот кој низ мини фото сесија на споменатиот начин го рекламира првото модно парче дизјнирано од Нина,  за идејата и креацијата на сопругата на Борко, уште на старт може да се каже дека серизоно може да се замеша во македонската дизајнерско-модна конкуренција.

Имено, моделот прва на себе го облече, проба и рекламираше нејзината помлада, убава, згодна и шармантна сестра, Мирјана.  Нежна, сензибилна, со манекенска става и аристократски лик, помалата сестра изгледа навистина божествено… „Ако сопругата на Борко е „авион“, балтзата му е… ангел“ – не попусто своевремено, кратко прокометираа некои!

Комплименти, пофалби и коментари пристигнуваат од сите страни… и тоа за обете сестри! И за креаторот и за моделот.

И за идејата, креацијата и модниот дизајн на Нина и за изгледот на нејзината помал сестра Мими и нејзината нескротлива убавина!

Фото: Инстаграм принтскрин/ninaristovska

 

 

To top