Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски кој публиката го памети по победи во регионалното музичко шоу „Х фактор“ и победата во „Твоето лице звучи познато“, по разводот од Кристина Димитриевска се пресели и живее во Србија.
Иако не е активен на музичката сцена со нови песни, тој е активен со своите концерти и настапи во регионот.
Поради коронавирусот кој го зафати целиот свет, естрадните уметници останаа без работа, барем оние на кои единствена професија им е пеењето, па останаа и без настапи.
Па така и Кајмакоски одреден период направи пауза од настапите.
Меѓутоа, откако се отворија рестораните, кафулиња и одредени пејачи се вратија на својата професија и започнаа со концерти, секако под одредени мерки и прописи издадени од страна на власта.
Македонскиот пејач е еден од оние уметници кои се врати на сцената и заедно со својот бенд повторно започна да настапува и да ја забавува публиката.
Имено, тој настапуваше во „Чаирски базен“ во Ниш.
Меѓутоа, Кајмакоски спои убаво и корисни, па еден ден пред настапот одлучи да ги наполни батериите и да ужива под зраците на сонцето.
Испружен на лежалка, разголен, Даниел фаќаше боја и се релаксираше пред да се фати за микрофонот и да го прави она најдобро што знае – да пее.
Пејачот разголен го покажа голиот дел од горното тело, а во вакво издание досега и сме немале прилика да го видиме.
А вака изгледа кога и Кајмакоски ќе се наполни со енергија, па ќе запее и ќе направи атмосфера.
View this post on Instagram