Радио Милева

Спејко не го чека Дедо Мраз: Подобар подарок нема, ниту му треба, па затоа со него се сликаше под елката! (ФОТО)

Спејко не го чека Дедо Мраз: Подобар подарок нема, ниту му треба, па затоа со него се сликаше под елката! (ФОТО)
Нова Година… Илјадници, желби, неостварени соништа, посакувани подароци… Секој од нас има по некоја неостварена желба, која посакува Дедо Мраз да му ја исполни, по некој подарок кој најпосакуваниот дедо на светот едвај чека да му го донесе, некој нереализиран план кој во Новата година треба да си го оствари… Ова важи за сите: и за децата и за возрасните, и за анонимните и за познатите!

Ама верувале или не има и такви кои не го чекаат Дедо Мраз. Нема потреба! Тие уште претходно во годината си го добиле она што си го посакале. Така им е убаво, и нема ни што да менуваат, ниту што да очекуваат, а најмалку нешто друго да бараат… Еден од нив е и Дарко – Спејко! На „Големиот брат“ од Куманово  не му требаше Дедо Мраз од Лапонија да дојде со елените, санката и вреќата, зашто уште претходно, самиот си ја зграпчи среќата,  си ја оствари желбата и си го дозволи најубавиот подарок за себе!

„Најубавиот подарок од Бога си ти, бебо. Поубав подарок нема, ниту ми треба. Ти си тој подарок кој сакам да го имам покрај себе засекогаш, без оглед на се што ќе се случи. Мојот живот благодарение на тебе е предобар.  Ти си заслужна за мојата трошка среќа. Те сакам“ – напиша Спејко на својот Инстаграм профил постирајќи ја фотографијата на која се сликаше под елката со неговиот најубав подарок – сексапилната и згодна модна блогерка од Струмица, маркантната Љупка Митрова.

Очигледно, од мала авантура, нивната романса прерасна во љубовна бајка. И колку Спејко и да си ги исполнил желбите, една сигурно ќе посака во новата година: Нивната бајка да има среќен крај!

А дека го добил најдобриот подарок… се гледа од приложеното! Останува да видиме што ќе каже згодната струмичанката, во врска со нејзините желби, соништа, подароци… Дали и на Љупка, после Спејко не и треба Дедо Мраз?

 

 

To top