Водителката Јована Јоксимовиќ денес го слави 38-от роденден, а пред камерите по тој повод и беше подготвено изненадување.
Овој пат во утринската програма на српска ТВ Прва, која ја води Јована и Срѓан Предојевиќ гости беа актерите Горица Поповиќ и Иван Михаиловиќ кои одлучија на водителката на оригинален начин да и го честитаат роденденот.
Кога беше планирано да почне нивното гостување, тие направија нешто кое не го очекуваа ниту гледачите, а ни Јована. Во студиото влегоа со музика, Иван свиреше на гитара, додека Горица и пееше на Јована роденденска песна.
Убавата водителка ова исклучително ја израдува, па видно изненадена им се заблагодари од срце, па се изгушкаа и избакнаа.
Потоа пристигна и тортата, а откако ги дувна свеќите се пошегува дека сега мора да го проветри чадот од студиото.