Ретко кој не се сеќава на егзотичната актерка и пејачка Кораима Торес или попозната како Росалинда од истоимената шпанска серија. Времето си минува, а годините не стојат во место ниту за оваа убава и талентирана дама.
Таа деновиве на јахта го одбележа својот 47-ми роденден и тоа со забава организирана од нејзиното семејство.
Актерката и пејачка, која кај нас е позната по серијата „Росалинда“, сподели фотографии од одбележувањето на 47-миот роденден.
Облечена во шарено здолниште од Версаче, Талија позира пред балони кои го испишуваат нејзиното име, специфична торта како и кукла која изгледа како неа.
Фотографиите добија многу коментари кај нејзините фанови дека изгледа фантастично за возраста.