Радио Милева на „принуден одмор“

Спасен Сиљаноски ги откажа сите настапи: Фолкерот објави загрижувачка фотографија од болница – поради повреда заврши во гипс (фото)

Спасен Сиљаноски ги откажа сите настапи: Фолкерот објави загрижувачка фотографија од болница –  поради повреда заврши во гипс (фото)

Македонскиот пејач Спасен Сиљаноски вчера на социјалните мрежи сподели со фановите загрижувачка фотографија од болница.

Фолкерот на неговите фанови им најави дека во наредниот период пеењето ќе го стави на одредена пауза поради повредата која му се случила.

На фотографијата раката на Спасен е во гипс, а тој позира седнат на болничкиот кревет.

„Драги мои фанови, поради оправдани причини жал ми е што морам да ве известам дека ги откажувам моите настапи во наредните 2-3 недели. Се надевам на разбирање од ваша страна“, напиша тој.

Неговите обожаватели веднаш реагираа на објавата и оставија коментари со кои му посакаа брзо опоравување.

„Господ здравје и трпение да ти даде, Со помин, побрзо опоравување.

Но,  некои му потенцираа дека повеќе од сигурно, барем еден месец ќе мора да го носи гипсот на повредената рака.

„Со помин нека е но од искувство еден месец, гипсот е загарантирано носење“ – стоеше поточно во коментарот.

Подоцна се огласи и на социјалната прежа Инстаграм на кратките приказни со истата фотографија од болницаta  за да ги извести сите :

„Неколку недели принуден одмор“  –  напиша таму.

Сиљановски освен како фолк пејач е познат и како композитор. Тој е активен на социјалните мрежи и редовно споделува фотографии од неговите ангажмани, но и приватни моменти со семејството со кое ужива во слободното време.

Фото: Принтскрин/Инстагра//Фејзбук/Спасе Сиљановски

 

To top