Радио Милева Забавата допрва доаѓа

Совршен спој на романтика и елеганција: Еве ги деталите и најубавите моменти од венчавката на Викторија Лоба (фото+видео)

Совршен спој на романтика и елеганција: Еве ги деталите и најубавите моменти од венчавката на Викторија Лоба (фото+видео)

По деветгодишна врска и заеднички живот под ист покрив, пејачката Викторија Лоба и нејзиниот избраник Ѓорѓи Калешов се венчаа.

Како што објавивме и претходно, црковната церемонија се случи во црквата Св. Јован Канео во Охрид на ден Голема Богородица.

Тогаш Лоба резервирано објави само една фотографија од венчавката, за подоцна откако ги сумираше вчечатоците и ги слектираше фотографиите, осамна и нејзината Инстаграм објава со повеќе документирани моменти од големиот ден.

Лоба со својата несекојдневна нежна и вонсериска руска убавина блесна во екслузивна долга бајковита венчаница со шлеп долг три метри, креација на модната дизајнерка Коцарева.

Фризурата и шминката исто така беа сведени на минимум, што дополнително во прв план дојде нејзината природна убавина.

Откако си ги кажаа црковните завети, пред црквата имало мал коктел со околу дваесетина гости и драги луѓе кои беа дел од церемонијата.

За разлика од повеќето познати кои помпезно ги најавуваат свадбите, Лоба скромно и со доза на резерва си ги чува овие интимни моменти за себе.

Кога ќе биде веселбата и медениот месец, останува да видиме.

Среќен брак!

фото:Инстаграм/Викторија Лоба

To top