Актерката Лидија Вукиќевиќ живее во Нов Белград, а нејзините соседи велат дека иако често не е дома, има време да пие кафе и да разговара со нив.
Тие ја опишуваат како дама, а и велат дека нејзиниот син станал пилот, па сите го очекуваат неговиот прв лет кој треба да се случи овие денови.
Соседот кој живее во приземјето на зградата, вели дека Лидија обожава времето да го поминува во неговата градина.
„Добрите луѓе треба да ги чуваме и негуваме, така да Лидија е наш добродојден гост. Таа нема многу време, зафатена е со работа. Прекрасна е сосетка, имам само комплименти за неа“ , вели Ненад и додава дека и тој е горд што синот на Лидија е пилот.
View this post on Instagram
„Првиот лет му е за Берлин и ние навстина се радуваме што е среќен и што има добра работа. Двата сина се добри, одлично ги воспитала. Немам никакви забелешки, тоа се деца кои со насмевка велат: „Добар ден, добро вечер, добра ноќ“. Прекрасни момчиња, Лидија е одлична мајка“.
Соседите откриваат дали актерката е средена и зад камерите.
„Лидија секогаш е средена, дури кога оди во шетање или продавница. Вистинска дама, негувана жена. Се гледа дека води сметка за својот изглед. Не се однесува како ѕвезда, секогаш е насмеана, никогаш не поминува, а да не не поздрави. И приоѓаат деца да се фотографираат, таа секогаш застанува, наоѓа време. Весела е и целото соседство ја сака“, вели еден повозорасен човек и открива дека не го видел помладото момче на актерката.
„Нејзиното момче не е тема на наши разговори, а искрено да ви кажам никогаш го немам видено да дојде со него во станот. Најверојатно тоа е поради почит кон синовите, се грижи за нив и многу се поврзани“.
Друга сосетка вели дека актерката сака цвеќе и често го купува.
„Во нашиот крај нема многу познати личности, се изненадивме што Лидија овде купи стан. Често го гледаме нејзиниот балкон, се гледа од улица. Секогаш има цвеќе, изгледа прекрасно. Често ја гледаме како носи цвеќе кога оди во набавка“, вели една госпоѓа.
И другите соседи потврдиле дека не го гледаат момчето на Лидија во нејзиниот дом.