Радио Милева

Соседите на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ открија непознати детали од животот на популарниот пар

Соседите на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ открија непознати детали од животот на популарниот пар

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ заедно со семејството живеат во една од најелитните населби во Белград, Бежаниска Коса.

Парот има огромна куќа, а околу неа се наоѓаат и други помошни куќи,но и базен.Соседите на пејачката проговорија какви соседи се Брена и нејзиниот сопруг.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Брена и целото нејзино семејство се прекрасни. Децата се воспитани, културни…Боба секогаш е насмеан и љубезен, а таа кога и да е тука, шета и трчи на игралиштето зад нејзината куќа“ вели соседот и додава:

„Таа го продолжи имотот. Купи уште земја и изгради уште четири куќи во дворот“ вели соседот.

фото: Горан Срданов/рассрбија

„Една куќа служи како работен простор, другата служи како турска бања, има безен и има куќа за послугата. Кандидатите од првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ живеаа кај Брена. Тоа луѓето не го знаат. Сите деца кои се натпреваруваа, а не се од Белград, спиеја кај неа“ вели соседот и открива дека се сеќава на денот кога бил киднапиран Стефан.

„Тој ден бев кај еден пријател и се шетав наоколу, а таа беше со Стефан во дворот. Тој беше мал, се играше и трчаше. Брена влезе внатре да земе нешто, а јас видов еден бесен автомобил како се паркира. Застана и праша една жена каде е куќата на Брена, а таа им покажа не паѓајќи и на памет што може да се случи. Подоцна се слушнаа плачење и врескање“ се потсетува господинот.

Брена и Боба вилата ја купиле од тогашниот министер.

„Првиот министер во приватниот сектор, професорот Џукиќ. Им ја продаде за милиони, а сега вреди многу повеќе бидејќи Брена купи уште земјиште“ вели соседот.

фото: Приватна архива

Една од сосетките вели дека семејството на Брена е прекрасно, но дека Боба е посебна приказна.

„Брена е прекрасна жена, но Боба е уште подобар. Верувајте ми на зборот. Едноставен е, комуникативен, секогаш насмеан…Кога и да дојде во продавница се шегува со нас. На пример, ќе купи три леба и додека бира што уште да стави во корпата, тој дотогаш ќе изеде еден леб“ вели една сосетка,

Оваа го потврдила и продавачката во продавница која вели Живојиновиќ секогаш е шармантен.

To top