Екипата на емисијата „Метар мога села“ која се емитува на телевизијата „Блиц“ разговараше со соседството, но и со мајката на Александра Пријовиќ и ја посети нејзината куќа во Бели Манастир.
-Иако јас и татко ѝ сме разделени, се трудев да не го почувствува тоа – рече меѓу другото Борка, мајката на Александра, која се уште се грижи за нејзината ќерка.
-Иако се омажи и фала богу има свој брак и се, тук сум за неа – истакнува Борка.
Како што е познато, Александра и нејзиниот сопруг Филип имаат син, а Борка изјави дека едвај чека ќерката да и го донесе внукот:
-Сега го чекам моето малечко да ми го донесе. Не го носи внукот.
View this post on Instagram
Александра е многу приврзана за бабата и дедото по татко и кои живеат во селото Бајша. Првата сосетка откри каква била Александра како мала и дека отсекогаш се знаело дека ќе биде пејачка.
– Ова мало девојче ќе биде пејачка – изјави првиот сосед на бабата и дедото на Александра за емисијата „Метар мога села“ и додаде:
– Александра порасна со мене. Се жртвуваа за неа, што се вели, последниот динар. Има секакви коментари, нормални, грди… – кажала една мештанка, додека една постара госпоѓа истакнала дека е многу горда на Александра, велејќи:
-Од тоа слатко девојче, што постигна, секоја чест за неа.