Радио Милева
стравично

Сораја Вучелиќ се бори за живот: Старлетата итно оперирана по страшната сообраќајна несреќа

Сораја Вучелиќ се бори за живот: Старлетата итно оперирана по страшната сообраќајна несреќа

Сораја Вучелиќ  се бори за живот. Старлетата во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и е во тешка состојба. Вучелиќ наводно имала скршеници на ребрата и внатрешно крварење.

Поради ова таа вчера од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.

– Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во Хрватска на нова операција – раскажува за Информер извор близок на старлетата и објаснува што всушност се случило во кобната сабота.

– Сораја со пријателката замина од Космет за Албанија. Таа управувала џип „мерцедес“ во кој удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Таа со градите удрила во воланот при што и ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи.

Според него, сцената на сообраќаен прекин била морничава!

– Автомобилот е целосно уништен! Пожарникарите морале да ги извлечат Сораја и нејзината пријателка од џипот. Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и ја нашле во несвест. Ја приклучиле на инфузија и ја однеле во приватна клиника. Лекарите детално ја прегледале и утврдиле дека има скршеници на ребрата, повреди на вратот, белите дробови и стомакот, па затоа била оперирана. Но, вчера ненадејно се појави ново крварење и таа мора да оди на нова интервенција – вели изворот за Информер.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева