Иако нејзиниот сопруг Урош Домановиќ не се согласува со нејзиниот предлог, Гога Секулиќ е сигурна дека своето прво дете ќе го крсти по претседателот на Србија.
Меѓутоа, нејзното синче нема да се вика Александар, туку Вучиќ, бидејќи неговото презиме е симбол за победа.
View this post on Instagram
-Ми се допаѓа Вучиќ, бидејќи си одговара со презимето на Урош, Домановиќ. Звучи моќно, но мојот избраник има некои свои предлози. Во секој случај ќе мора да одлучиме брзо, бидејќи терминот за породување се ближи, вели Гога за српски Курир.
Пејачката по повеќе години борба за потомство, кон почетокот на годината остана во блажена состојба.
Иако е во поодмината бременост, таа го снимаше спотот за песната „Хотел“.