Тања Савиќ по една ипол година ги врати своите деца во Србија и заедно живеат во Смедерево.
По тој повод сега се огласи и се уште законскиот сопруг на Тања кој во април претходната година без знаење на пејачката ги однесе нивните синови во Австралија.
„Добро сум, жив човек на се се навикнува. Децата ми даваат сила и поради нив треба да бидем силен. Она што не не убива не прави посилни. Секако дека ми недостигаат, тие се мојот живот, за нив и постојам. Кај мене не постои граница што би направил за семејството. Дури и децата би ги зел од мајката“, вели тој за „Ало“.
„Нон стоп ми се јауваат. Го следев нивниот лет се додека не пристигнаа во Белград. Децата и јас сме многу поврзани, јас не сум им само татко, ние не сме најдобри пријатели“.
Од друга страна, откако Савиќ се сретна со децата, не крие колку е среќна.
„Може само да претпоставите како се чувствувам. Не можам да ви опишам со зборови колку сум исполнета и среќна. Сега се е во најдобар ред“, изјави Тања.
Потсетуваме, сопругот на пејачката во април претходната година без нејзино знаење ги однесе децата во Австралија, а отогаш пејачката ги нема видено.