Радио Милева љубовна стапица

Сопругот на фолкерката Стоја ретко кој го видел, а тој е архитект и вистински фраер: Нема да верувате на каков бизарен начин пејачката го „ќарила“ (ФОТО)

Сопругот на фолкерката Стоја ретко кој го видел, а тој е архитект и вистински фраер: Нема да верувате на каков бизарен начин пејачката го „ќарила“ (ФОТО)

Пејачката Стојанка Новаковиќ – Стоја се омажила за прв пат кога имала само 16 години, а на 17-годишна возраст го родила своето прво дете.

Стоја својата кариера ја градеше исклучиво со песни и не даваше многу детали за нејзиниот приватен живот, па јавноста немаше можност да го запознае нејзиниот сопруг Игор Јовановиќ, со кого е во брак цели 10 години. Игор по професија е архитект, а на социјалната мрежа Инстаграм се појавија фотографии од сопругот на Стоја, на кои е позабележително дека тој е во добра форма, па не е ни чудо што пејачката долго го криеше.

„Опстојуваме како сопружници долго време затоа што сме полни со разбирање еден за друг. Јас би рекла дека разбирањето, љубовта и почитта се она што не одржува сите овие години. Тоа е рецепт за младите луѓе кои сакаат да влезат во брачни води доколку сакаат да имаат квалитетен брак, нормален, да ја имаат целата слобода на овој свет и навистина да уживаат во хармоничен однос со својот партнер“ – изјави Стоја пред неколку години.

Дека љубовта не познава граници и дека правиме секакви луди работи поради тоа, покажа и пејачкатаа, која заради „докажување љубов“, намерно удрила во ѕид со автомобилот.

„Го удрив мојот автомобил директно во ѕидот, зашто знаев дека кога ќе дознае, нема да остане рамнодушен. Секако, тоа функционираше и така се смиривме. Не се повредив,  зашто темпирав како ќе го направам тоа. Го оштетив автомобилот, но не ми е жал. Знаев дека сигурно ќе дојде да ми помогне, а потоа го чекаше стапица: да остане кај мене“ – раскажа Стоја пред неколку години, за тоа како успеала „со измама“ да го „ќари“ сегашниот сопруг.

To top