Maкедонската пејачка Елена Миленковска и оваа сезона учествуваше во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, таа беше под менторство на Александар Милиќ Мили и стигна до петиот круг.
Ова не е нејзино прво појавување на сцената на „Гранд“. Таа учествуваше претходно, но испадна, потоа повторно се пријави, но го напушти натпреварувањето бидејќи остана бремена.
Откако се породи и го доби синот Максим, Елена повторно се пријави во музичкото шоу и овој пат беше под менторство на Мили.
Миленковска се покажа во одлично светло во музичкото шоу, но испадна пред речиси самото финале.
Нејзиниот сопруг, некогашниот исто така учесник во „ЅГ“, сега проговори за нејзиното учество и испаѓање.
„Беше до петиот круг, таа беше во тимот кај Мили и задоволна е со пласманот. Според мене, најмногу блескаше во петиот круг, но ете се случи да не помине понатаму. Мислам дека беше многу силна сезона“, изјави Гуте во една емисија на „Гранд“.
Тој исто така откри дека со Елена навивале за Валентина Кузмановиќ и дека таа била нивен фаворит.
„Елена и јас се молевме на Господ, Валентина да победи бидејќи ни е фаворит од самиот почеток. Но добро, и Махир е одличен вокал, имавме прилика да ја го запознаеме на снимање, прекрасно момче“, вели Маринковиќ.
Инаку, Елена и Гуте се запознаа токму во ова музиќко шоу, се венчаа во јануари претходната година, а во јуни 2020 го добија синот Максим.