Радио Милева пукна тиквата

Сопругот на Бритни Спирс поднесе барање за развод 14 месеци по венчавката

Сопругот на Бритни Спирс поднесе барање за развод 14 месеци по венчавката

Сопругот на американската пејачка Бритни Спирс, Сем Асгари, поднесе барање за развод, 14 месеци откако се венчаа.

Како што пренесува „Гардијан“, повикувајќи се на лице блиско до Асгари, барањето за развод било поднесено во средата, неколку часа откако неколку медиуми објавија дека парот се разделил, односно дека веќе некое време живееле одвоено.

До претставникот на Бритни Спирс е испратен мејл, на кој се уште не е одговорено.

Спирс се омажи за Асгари на 9 јуни 2022 година, во нејзиниот дом во Таузенд Оукс, Калифорнија, со Селена Гомез, Дру Баримор, Парис Хилтон и Мадона меѓу гостите. Свадбата се сметаше за пресвртница во нејзиниот новоизграден живот, откако само шест месеци претходно заврши старателството што го постави нејзиниот татко, кој го контролираше нејзиниот живот повеќе од 13 години.

Поп-ѕвездата се запозна и започна да излегува со моделот и актер Сем Асгари кога тој се појави во нејзиниот спот за песната Slumber Party во 2016 година.

Во февруари годинава во медиумите се појави информација дека врската во бракот се заладила, поради што најтесниот круг на пејачката бил „загрижен“.

Page Six објави, цитирајќи го TMZ, дека парот се степале поради наводното изневерување на Спирс. Весникот објави и дека Асгари, и покрај предбрачниот договор, се обидува да преговара со адвокатскиот тим на пејачката за да добие пари за молчење. Овој брак беше прв за 29-годишната Асгари, а трет за 41-годишната пејачка.

Таа беше во брак помалку од три дена во 2004 година со пријателот од детството Џејсон Александар, кој се обиде да ја наруши нејзината венчавка со Асгари, а подоцна беше осуден за прекршување и тепање. Спирс во 2004 година се омажи за танчерот Кевин Федерлајн, кој е татко на нејзините два сина тинејџери и го има старателството над момчињата, пренесува Танјуг.

Фото: Принтскрин/ЕПА-ЕФЕ/Профимедиа

To top