Сопругата на фолкерот Дарко Филиповиќ Јасмина привлекува огромно внимание со својот изглед, но и со провокативните фотографии, а на нејзината роденденска забава сите ги остави без текст.
Пејачот Дарко Филиповиќ може да се пофали дека покрај себе има неверојатно згодна и убава половина, бидејќи Јасмина важи за една од најубавите сопруги на српските музичари.
Сексапилната Јасмина на Инстаграм редовно објавува фотографии во провокативни изданија, а токму вака се појави на прославата на својот 33-ти роденден.
Таа носеше тесен комбинезон во боја на кожа, кој со црни парчиња ги покрива само интимните делови, како и чевли со вртоглави потпетици.
View this post on Instagram
Се оцртуваше секој дел од нејзиното извајано тело, а се редеа само убави комплименти: „Гром“, „Блесок“, „Каква бомба“, „Нема што, ја помина играта“. Но, имаше и такви кои и кажаа дека „малку претерала“ и дека овој комбинезон не и прилега.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/jassfilipovic