Сопругата на Слоба Радановиќ, Јелена, која моментално е бремена, на еден настан блесна во најтесниот бел фустан, во кој во преден план беше нејзиниот труднички стомак. Пејачот истакна дека оваа година му била исклучително успешна, но откри и дека неговата сопруга не е трудница која бара многу, и дека тој едвај чека да стане татко.
– Јелена го вади најдоброто од мене, ме прави посериозен и посветен, се надополнуваме. Многу сум задоволен од оваа година, работев многу. Остварив се што зацртав. Мислам дека ќе бидам попустлив татко. Мојата сопруга Јелена не е разгалена трудница. Таа не бара многу, но ако сака нешто се трудам да го исполнам.
-Јелена и јас разговаравме за породувањето. Мислам дека би можел да присуствувам на породувањето, можеби е чудно искуство за мене, но мислам дека би можел да се снајдам без да се онесвестам.
-Мојата сопруга и јас сме доста слични, малите нешта ни значат многу. Сакаме да посетуваме локални места, многу одиме и во манастири– изјавил Слоба за „Блиц“.
Фото:Принтскрин/Ата Имаџес/Антонио Анхел