Радио Милева

Сопругата на славниот пејач објави гола фотографија и откри зошто ги вади силиконите (фото)

Сопругата на славниот пејач објави гола фотографија и откри зошто ги вади силиконите (фото)

Егзотичната убавица, сопругата на славниот американски пејач Џон Леџенд отсекогаш била директна кога е во прашање женското тело, постпородилните моменти, слабеењето, качување килограми и сл.

Овој пат нејзината окупација се силиконските гради кои ги има, а сака да се ослободи од нив.

„Се тестирав за Ковид-19, бидејќи наскоро ќе одам на операција. Многумина ги интересира зошто ќе одам на операција, па веднаш ќе ви откријам… ќе ги вадам силиконите од градите. Одлично ми служеа низ годините, но веќе го надминав тоа. Сакам повторно да можам да облечам тоалети со мојата големина, да спијам на стомак. Нема повеќе големи гради“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

„Не се грижете за мене, сè е во ред, ќе остане само сало. Глупава, но чудеска вреќа сало“, додала таа, која во едно интервју претходно истакна дека градите ги вградила за да стекне повеќе самодоверба.

„Ги направив градите на 20 години. Сакав да бидат заоблени и истакнати кога сум во костим за капење. Со оглед дека често позирам, сакав да стојат цврсто и додека лежам на грб. Но, потоа добивате деца, тие се полнат со млеко и се опуштаат и сега се одвратни“, рекла таа.

To top