Радио Милева

Сопругата на Слаткар објави ретро фотографија: Родителите на Сања Николиќ некогаш изгледале вака

Сопругата на Слаткар објави ретро фотографија: Родителите на Сања Николиќ некогаш изгледале вака

Сопругата на Слаткар, некогашна водителка и мис на Македонија, Сања Николиќ Маринковиќ,  е активна на социјалните мрежи каде нејзините следбеници може да ги видат нејзините најнови објави.

Некогаш знае да сподели објави од неа во природно издание или фотографии од нејзиниот дом, од нејзините секојдневни активности….

фото: принтскрин/инстаграм/сањаниколиќ

Меѓутоа, деновиве Сања извади една фотографија од архива и ја сподели во кратките приказни на „Инстаграм“.

Имено, таа објави ретро фотографија од нејзините родители, а во објавата во форма на срце го обележа нејзиниот татко и нејзината мајка.

Фотографијата е во црно – бела боја, а вака некогаш изгледале родителите на сопругата на Слаткар.

фото: Принтскрин/инстаграм/сањаниколиќ

 

To top