Марк де Јонг или познат како шеф Марк од „Брза кујна“ неодамна официјално стави потпис во матично и вплови во брачните води со неговата партнерка, а сега сопруга Василка Димоска де Јонг.
Марк и Василка направија скромна свадбена церемонија во кругот на нивните семејства и најблиски пријатели.
Марк гостуваше во емисијата „Џентламен магазин“ каде што зборуваше за џентламенството, за својата љубов кон Македонија, готвењето, за сопругата.
Имено, тој откри дека од Белгија дошол во Македонија бидејќи и ветил на неговата баба дека еден ден ќе ја посети, па откако пристигнал тој сфатил тука е неговиот живот.
„Откако дојдов во Македонија се сменив, потполно сум друг човек. Како во мојот живот да беше предвидено да дојдам овде и да останам овде, да се запознаам со мојата омилена половина“, вели Марк.
Сопругата на шеф Марк, Василка е лекар – специјалист во две области. Таа моментално работи како доктор со лица со интелектуална попреченост односно е генерален секретар на националната организација за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
Василка исто така гостуваше во емисијата „Џентламен магазин“ каде што зборуваше за Марк, каков е тој како џентламен, како се запознале, како функционираат заедно.
Сопругата на шеф Марк раскажа дека се запознале на некој хуманитарен настан и дека тоа било љубов на прв поглед.
Исто така, таа откри дека се заљубила во Марк во неговите мали џентламентски манири.
Како што раскажува Димоска она што им е заедничко на неа и Марк е тоа што и двајцата сакаат да патуваат, да пробуваат разни специјалитети, да запознаваат и да се дружат со нови луѓе.
Таа открива дека Марк често знае да и направи некој посебен специјалитет односно да и зготви нешто спонтано и тоа да биде вкусно.
Василка вели Марк е вистински џентламен, а љубовта кон сопругата секојдневно и ја покажува со ситни детали.
Како што раскажува, нејзино омилено цвеќе се орхидеите кои ги имаат во нивниот дом, а шеф Марк со посебна љубов и внимание ги одлегува.
„Јас многу сакам кога се тоа е многу спонатно, кога мора нешто да се донесе. Многу се радувам и на обично цвеќе, но мое омилено цвеќе се орхидеите. Јас ги сакам, но не знам да ги негувам. Дома наместо зависи, имаме прозорорци кои се со завеси од орхидеи. Марк ми го прави тоа задоволство во домот да имаме колекција на орхидеи, а тој ги негува со огромна љубов. Секој ден кога ќе ги погледнам тие завеси од орхидеи ја чувствувам неговата љубов“, вели Василка.
Целото интервју со Марк и Василка погледнете во видеото подолу.
фото: фејсбук/ марк де јонг/ васила димовска де јонг/принтскрин/јутуб/џентламен магазин/мрт