Радио Милева
саша поповиќ татко за пример

Сопругата на Саша Поповиќ за првпат проговори за биолошкиот татко на нејзиниот син од првиот брак: „Татко не е оној што прави дете, туку тој што го води на вистинскиот пат“ (фото)

Сопругата на Саша Поповиќ за првпат проговори за биолошкиот татко на нејзиниот син од првиот брак: „Татко не е оној што прави дете, туку тој што го води на вистинскиот пат“ (фото)

Свадбата на синот на Сузана Јовановиќ пред шест месеци беше тема на тамошните медиуми со денови.

Даниел, кој е продуцент во телевизијата „Гранд“, се ожени со својата долгогодишна девојка Тијана и бројни познати личности се собраа на раскошната прослава одржана во еден од најлуксузните ресторани во Белград.

Иако свадбата на синот на Сузана Јовановиќ помина добро, Сузана во интервју за „24седам“ изјавила дека таа и нејзиното семејство биле повредени од одредени написи во весниците и открила дека тој ден никогаш не помислиле на биолошкиот татко на Даниел.

– Не, не, не се сетивме на него ниту една секунда. Долги години немаме контакт со него. Ниту сега не одговори и верувам дека никогаш нема да одговори. За Даниел, Сале е татко, пријател и соработник и се’ што научил научил од него. Сале му ги всади вистинските вредности и се’ што има денес е благодарение на него. Тој е неговиот татко и повеќе од тоа. Меѓу нив има почит и љубов. Тој е дете на друг маж, но како што реков во неколку наврати – таткото не е тој што прави дете, туку тој што го воспитува и го води на вистинскиот пат и го прави маж – изјави Сузана, а со тоа го стави на пиедестал својот  сопруг Саша Поповиќ.

фото:Приватна архива Стори.рс/Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева