Сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ по 11 години неодамна го издаде својот нов албум со кој се врати на сцената. По тој повод, организираше промоција на која се појави цела естрада – освен Лепа Брена.
„Не сакав да се штедам бидејќи 11 години не снимав албум. Не сакав да се појавам со било какви песни“, изјави таа.
Иако на промоцијата присуствуваа речиси сите колеги од естрадата, меѓу кои Марија Шерифовиќ, Злата Петровиќ, Гоца Божиновска, Марина Туцаковиќ, Снежана Ѓуришиќ, Боба Живојиновиќ….но на прославата не се појави Лепа Брена.
Многумина беа зачудени од ова ситуација, со оглед на тоа Брена и Сузана се и сосетки, како и пријателки.
Меѓутоа, како што пренесува екипата на „Папарцо лов“, Брена била болна па затоа не се појавила на промоцијата.
На прославата се појавија Боба Живојиновиќ со синовите Филип и Виктор, како и девојката на Виктор, Сандра.