Сузана Јовановиќ денеска наполни 54 години, а со насмевка и расположена прослави во друштво на снаата, синот и фризерката. Иако на фотографиите ги немаше сопругот на пејачката Саша Поповиќ и нивната ќерка Александра, Сузана поради тоа не изгледаше тажно.
Сепак, она што го привлече вниманието на сите на фотографиите кои Сузана ги објави е тортата која не е нарачана од слаткарница туку, очигледно, била направена дома.
Без преголема помпа, во домашна атмосфера, го прослави роденденот сопругата на поранешниот сопственик на „Гранд“ продукција. Насмеана и во прегратките на синот и снаата. Сузана очигледно ужива во годините, но и во денот бидејќи им се заблагодари на семејството за се:
„Им благодарам на моите деца за прекрасните подароци за мојот прекрасен ден“ – напиша Сузана.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/suzanapopovic69