Радио Милева
Сузана, ти ли си?

Сопругата на Саша Поповиќ се заигра со фотошоп, па стана мета за потсмев на социјалните мрежи (фото)

Сопругата на Саша Поповиќ се заигра со фотошоп, па стана мета за потсмев на социјалните мрежи (фото)

За сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, многумина велат дека има среќа и дека живее вистинска бајка за која сонуваат многу жени.

Може да се пофали со хармонично семејство, лесен живот и богатство.

И покрај тоа, Сузана јавно промовира скромност и природност, па сега сите ги изненади фотографија на нејзиниот Инстаграм профил на која или малку повеќе си поигра со фотошоп или претера со естетските корекции бидејќи на неа изгледа непрепознатливо.

Затегнатото лице до пукање, тешка шминка, ја натера сопругата на Саша Поповиќ да ги изненади сите со својата трансформација.

„Што ти се случи со лицето“, „Сузана, ти си непрепознатлива“, „Кожата ќе ти пукне“, беа само дел од коментарите кои ја придружуваа објавата.

фото:Инстаграм принтскрин/Сузана Јовановиќ

Останати вести од Радио Милева