Радио Милева
Не се крие повеќе

Сопругата на Рафаел Надал во бикини го покажа нараснатиот тругнички стомак (фото)

Сопругата на Рафаел Надал во бикини го покажа нараснатиот тругнички стомак (фото)

Сопругата на Рафаел Надал повеќе не го крие трудничкиот стомак, а убавите кадри ги уловија папараците кои внимаваат на нивниот одмор на Мајорка.

Иако мистериозната Марија Франциска Перељо, попозната како Ќиска, уживаше на јахтата далеку од објективот на камерата, на сликите јасно се гледа стомакот.

Сега кога приказната е потврдена, таа може на мир да ја истакне силуетата. Додека ги следела натпреварите на Вимблдон, таа носела широка облека, бидејќи веројатно не сакала натпреварите на нејзиниот сопруг да паднат во втор план.

Добрата Ќиска е најголемиот поддржувач на Рафа речиси две децении и дама од сенка која се труди максимално да остане невидлива. На крајот на краиштата, зад секој успешен маж стои силна жена, нели? Го следи од почетокот на кариерата, кога не беше ни блиску до професионалната лига.

Тие се запознале во 2004 година на Мајорка, островот од каде што потекнуваат и двајцата, а за сето тоа е виновна неговата помлада сестра Изабела, со која Ќиска одела на училиште. Тинејџерската љубов набрзо се претвори во голема, која беше крунисана со брак во октомври 2019 година, во стара тврдина над заливот Поленса, на северот на Мајорка.

фото:Getty Images/Profimedia

Останати вести од Радио Милева