Сопругата на актерот Раде Шербеџија, режисерката Ленка Удовички е родена во Белград, а помлада е 20 години од својот сопруг.
Неколку пати во медиумите зборуваше за тешкиот период во текот на 90тите години во минатиот век.
Сопругата на Раде сега откри зошто со месеци не сакала да каже на луѓето во околината дека е во љубовна романса со актерот.
„Ме одбиваше неговата популарност, а изгледа дека тоа одбивање ме привлече кон него. Долго време на никој не признав дека сме заљубени, па ни на најдобрата пријателка со месеци не и кажав дека јас и Раде сме заедно“ вели Ленка.