Радио Милева
последен поздрав...

Сопругата на починатиот ДЈ Ицко со проштален Фејсбук статус: „Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите“

Сопругата на починатиот ДЈ Ицко со проштален Фејсбук статус: „Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите“

Ристо Меловски попознат под уметничкиот прекар ДЈ Ицко, кој  долги години работеше во „Антена 5“ радио, за жал ја загуби битката во борбата  со коронавирусот.

Неговите колеги, другари, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии на социјалните мрежи со познатиот диџеј, и преку постирани статуси  да жалат и изразуваат сочувство на семејството за прерано згаснатиот живот.

Но највпечатлив, најемотивен и најпотресен е секако статусот на неговата сопруга Наташа, која собра сили со проштален поздрав јавно да му се заблагодари и збогува со својот сакан Ицко.

„Нема зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но  среќни сме затоа што  беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам, душичке моја, љубов моја. Благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е но, морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене. Ке излеземе на прав пат, не се секирај  и не се сомневај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста“ – напишала неговата сопруга Наташа во прошталниот статус од својот сакан Ицко, на нејзиниот Фејсбук профил.

Останати вести од Радио Милева