Радио Милева
Алба и мама

Сопругата на Петар Грашо три месеци по породувањето излезе на прошетка низ град со ќеркичката (фото)

Сопругата на Петар Грашо три месеци по породувањето излезе на прошетка низ град со ќеркичката (фото)

Сопругата на Петар Грашо се породи на 17 јули во Сплит, пет дена пред терминот со царски рез го до донесе на свет бебето кое го носи името Алба.

Како што објавија тогаш хрватските медиуми, ќерката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ е родена со 50 сантиметри и 3150 грама.

Алба се роди пред три месеци, а мама и бебето конечно беа фотографирани додека се шетаат низ град.

Светло бела блуза, фармерки и патики се парчињата во кои сигурно најмногу ужива секоја новопечена мајка, а судејќи по фотографијата која стигна до „Инстаграм“, Хана набрзо ја врати линијата на девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke

Да потсетиме, Петар и Хана започнаа емотивна врска минатата година, а набрзо потоа јавноста дозна дека тие чекаат бебе. Двојката се венча во Сплит, опкружена со пријатели и семејство.

фото:Instagram/Profimedia

Останати вести од Радио Милева