Сопругата на Милутин Мркоњиќ, Драгана Даша, се затрула со прекумерна доза лекови, пренесува српски „Свет“.
Се уште законската сопруга на момчето на Ана Бекута, е пронајдена во својот стан онесвестена од лекови, од кои не можела да се пробуди.
-Даша со години е болна. Често заминува некаде, па не знае каде е, се губи…Испила голема доза лекови кои со години ги користи, а изгледа дека претходно пиела и алкохол, поради што паднала во несвест. Мрка тој ден дојде по сметките, кој редовно ги плаќа и кога влезе во станот имаше што да види, раскажува соседот и додава:
-Повика брза помош, па дојде возило од приватна болница и ја однесе. Подоцна таа не се врати дома, не знам што се случува, раскажува тој.
Како што наведуваат станарите каде живее Драгана, Мрка секогаш се грижел за неа иако одамна и јавно е во врска со пејачката Ана Бекута.