Сопругата на голманот на српската фудбалска репрезентација Предраг Рајковиќ, своевремено стана позната во јавноста откако ги полнеше насловниците во весниците и порталите како девојка на кик-боксерот Вељко Ражнатовиќ, синот на Аркан и Цеца.
Манекенката вели дека сите нејзини поранешни момчиња и денес и се добри пријатели.
„Сè уште сум добра пријателка со сите мои поранешни момчиња и не гледам ништо грдо во тоа. Сите мои избори досега беа реални. Јас избрав да бидам со нив и горда сум на тоа“ – раскажува Ана.
Манекенката која со фудбалерот ги има синовите Релjа и Тадија, вели дека не се плаши од тоа што еден ден тие ќе најдат за неа на Интернет:
„Свесна сум каква мајка сум, и каква сопруга сум. Не се плашам од ништо што моите деца ќе видат или прочитаат за мене. Тие ќе бидат доволно возрасни за да разберат и да знаат дека јас бев сосема на место.
Ана додава дека сега нејзините синови се најважни во нејзиниот живот и дека сè е подредено на нив.
„Мојата најважна титула во животот е дека сум мајка. Моите синови ми одземаат многу време, па затоа не стигнувам ниту да јадам. Тоа е тајната на мојот добар изглед“ – открива убавата сопруга на голманот Рајковиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/rajkovic__ana