Српскиот композитор и членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Драган Стојковиќ Босанац има завиден брачен стаж.
Имено, тој 44 години е во складан брак со сопругата Дуња со која има две деца Александар и Александра.
Тој во една прилика го откри рецептот за бракот, па и откри колку се почитуваат.
„Драго ми е што сопругата никогаш не сакаше да биде ѕвезда преку друга ѕвезда. Таа ми е најголема и најискрена поддршка во смисла на љубовта кон семејството и децата, а јас доаѓам на ред како сопруг. Ме чува и ми ја подготвува омилената храна“, изјави Босанац за фактор. Ба
Тој откри дека неговата сопруга многу е музикална, но никогаш немала намера да тргне по неговите стапки.
Нивната ќерка Александра позната како Џиџа се занимава со пеење, а нивниот син Александар е земјоделски инжињер.