Промотер

Соња Тарчуловска одново е на сцената, овој пат со песна од ќерка и Мелани: Замина „Во бело“, се враќа – „Со црвено“ (ВИДЕО)

Соња Тарчуловска одново е на сцената, овој пат со песна од ќерка и Мелани: Замина „Во бело“, се враќа  – „Со црвено“ (ВИДЕО)

Некогаш една од најекспонираните и најбарани македонски фолк пејачки од новиот бран, јавноста ја запозна по нејзините настапи каде во „златните времиња“ долго во ноќта ги забавуваше гостите во најпознатите скопски локали, но и во оние низ Македонија.

Соња Тарчуловска беше фолк ѕвезда парекселанс и по своите вокални можности и по атрактивниот физикус и по умеењето на настапите да ја крене публиката, односно гостите правејќи штимунг и расположение какво ретко која друга умее.

Остана запаметена и по неколку од своите автрски песни како: „Ден по ден“, „Зоране“ или можеби нејзиниот најголем хит по кој ја познаваат, темата „Во бело“, како и и по оние подоцна новосоздадените македонски фолк песни со патриотска содржина: „Добре дојде“, „Предавници и јунаци“… кои ги испеа по сето она што и се случуваше во приватниот живот, во кој мина низ сите премрежја заедно со својот сопруг, македонскиот херој и бранител Јохан Тарчуловски.

Во тоа време некако Соња Тарчуловска се повлече од естрадата, ја снема од музичката сцена, за години подоцна славата на некој начин да и ја врати токму нејзината ќерка – наследничка Мелани. Таа наследувајќи го генот и талентот од мајка си со појавата на последниот „Макфест 2022“ не само што самата блесна и како изведувач и како автор на сопствената песна, туку и на јавнста и ги освежи сеќавањата на нејзината мајка Соња.

Недолго по фестивалскиот настап на ќерка и, токму Соња Тарчуловска најави дека се враќа на естрадната сцена „на голема врата“ со песна и спот. Ако замина од истата „Во бело“, големиот хит по кој остана запаметена, сега пејачката се враќа „Со црвено“, како што е насловена нејзината повратничка песна, која е и музички и визуелно сосема поразлична од она што Соња Тарчуловска досега го пеела.

Патем, истата е авторско дело на никој друг туку на нејзината наследничка, ќерката Мелани која ги потпишува стиховите на песната за која аранжманот го направил Дејан Момировски, во чие „ХЛ студио Момировски“ истата и е снимена.

Придружните вокали ги пеат нејзината ќерка Мелани и Сара Пројковска, а песната е во модерен танцувачки ритам , со мелодиска линија која многу повеќе наликува на современите поп хитови отколку на класична фолк песна, како оние, по кои Тарчуловска ја паметиме. Дали тоа значи целосен пресврт во музичкиот стил и кариерата, останува допрва да видиме?!

Она што може сега да се види е видеото за песната кое го потпишува „Томато продукција“,  во кое Соња изгледа сосема поинаку од она што сме навикнале да ја гледаме, иако евидентно е дека по се низ што мина низ животот, годините како воопшто да не оставиле трага…

Не барем на нејзиното лице, напротив… Тарчуловска сега изгледа ако не помлада, тогаш барем иста како порано, како времето за неа да застанало!

Као звучи нејзината повратничка песна и како таа изгледа во модерно спакуваното видео – „Со црвено“, проследте во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): 

To top