Пандемијата со коронавирусот го стопираше регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, па така една сезона наместо една година ќе трае околу две години.
Македонските кандидати кои стигнаа до третиот круг настапуваа во последните две емисии. Некои од нив поминаа директно понатаму, а некои од нив испаднаа.
Меѓу нив беше и македонската кандидатка Сања Тодоровиќ од Скопје која оваа сезона беше под менторство на Јелена Карлеуша.
Сања во последната емисија се претстави со песните „Бол до лудила“ од Марија Шерифовиќ и „Због тебе“ од Тап 011.
Таа доби три гласа односно помина во бараж, но за жал тоа не беше доволно и и испадна од натпреварувањето.
Меѓутоа, Гранд продукција сега донесе нова одлука за македонското девојче.
Имено, во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Тодоровиќ беше во бекстејџ како поддршка на Марио Арангеловски.
По завршувањето на изведбите на Марио Арангеловски и Мими Јовановска, додека жирито ги коментираше нивните настапи, Поповиќ имаше важни вести за Сања.
Тој соопшти дека продукцијата одлучила да ја врати Тодоровиќ во натпреварувањето, па така ќе имаме прилика да ја гледаме во следниот круг.
Овие новости ја расплакаа Македонката која се изненади и не очекуваше вакво нешто.
„Бидејќи ова е последна емисија од третиот круг и од следната имаме нови кандидати односно 120 нови ќе се натпреваруваат против 120 стари кандидати. Меѓутоа, се случи неколку стари учесници да ги вратиме. Во овој момент, официјално кажувам дека Сања Тодоровиќ ја враќаме назад“, соопшти Поповиќ.
Скопјанката се расплака од среќа не очекувајќи ваква одлука.
Како Тодоровиќ ќе се подготви за следниот круг, до каде ќе стигне во забавното шоу и дали оваа одлука на продукцијата ќе и го промени животот барем на музички план, останува да видиме.