Светски познатата пејачка и актерка, Џенифер Лопез наполни 51 година, а роденденот на латино дивата секако не помина незабележано.
Таа на социјалните мрежи сподели какво изненадување ѝ било приредено во нејзиниот дом, па дури заплакала од радост.
Crying tears of joy! Thank you for the best day! pic.twitter.com/tW4FHw6NPS
— jlo (@JLo) July 25, 2020
Семејството го преполнило домот со цвеќиња за нејзиниот ден, а Џенифер се почестила и со слатки што објави и на своите „стори“.
Она што на многумина им било интересно е појавата на Џенифер во опуштена, домашна атмосфера, бушава, без шминка и во спортска облека, а наместо да старее со годините, таа изгледа се подобро.