Радио Милева
препорака од фудбалерите

Соиграчите од српската репрезентација го советувале Тошиќ да ја остави Карлеуша, зашто го прави „мајмун“?

Соиграчите од српската репрезентација го советувале Тошиќ да ја остави Карлеуша, зашто го прави „мајмун“?

Наводно, играчите на фудбалската репрезентација на Србија, колеги од  национален фудбалски тим му препорачале на нивниот соиграч, Душко Тошиќ, да се разведе од Јелена Карлеуша, бидејќи, како што велат, таа од него направила „вистински мајмун“.

Неговите колеги го сметаат за вреден, успешен и добар човек, па искрено го дадоа својот суд за неговите брачни проблеми, кои се појавија поради нејзината  афера со Огњен Врањеш, за која пишуваа сите медиуми.

„Сите знаа колку многу го сакаа Јелена и Душко, а можеби се сакаат и денес. Сепак, ова неверство остави неизбришлива трагаа заради која Душко пати. Неговите колеги го советуваа да ја напушти пејачката. Некои му велат дека е изигран, додека други му велат дека во јавноста излегува патеник и понижен и дека нормален човек не треба да дозволи неговата сопруга ‘да му набива рогови и од него да прави мајмун’ “ – изјавил добро информиран извор за српски „Курир’ и додал дека Душко бил свесен за тоа и го направил првиот чекор, кога два дена по смртта на мајката на Јелена,  преку неговиот адвокат, наводно, испратил барање за да стави крај на бракот, кој бил одложен поради трагичните настани во семејството“ – тврди изворот.

Како што вели, фудбалерите ја обожавале Јелена се ‘до моментот кога испливала споменатата кореспонденција во јавноста.

„Спортистите доаѓаа на нејзините настапи во Белград и ја доживуваа како лавица. Не можеа да поверуваат дека на Душко му сторила такво нешто, а најмногу биле разочарани кога слушнале дека Карлеуша рече оти го гледала Тошиќ како брат и член на семејството, а не како маж. Потоа тие се согласија да го освестат Душко“ – вели соговорникот.

Останати вести од Радио Милева