Радио Милева галантна славеничка

Софија Милошевиќ ги почести со 20.000 евра Рада Манојловиќ и Теа Таировиќ кои и пееја на роденденот (ФОТО)

Софија Милошевиќ ги почести со 20.000 евра Рада Манојловиќ и Теа Таировиќ кои и пееја на роденденот (ФОТО)

Софија Милошевиќ наводно им дала 20.000 евра на Рада Манојловиќ и Теа Таировиќ да пеат на нејзиниот роденден!

Манекенката во неделата вечер, на 19 март 2023 го прослави својот 32 роденден во еден елитен бар во Белград во друштво на сопругот, фудбалерот Лука Јовиќ, пријателите и најблиските роднини.Таа за доброто расположение ангажираше две од најпопуларните пејачки во моментов, кои ја запалија атмосферата.

Софија ги обожава песните и енергијата на Рада и Теа, па веднаш знаела кој од пејачите ќе ги ангажира за да ги забавуваат нејзините гости на прославата.Кога ги договарала да пеат, таа ги прашала за цената, но тие не сакале да и наплатат.

Но, Софија е позната како галантна жена, па одвоила значителна сума за да ги почести, а им подарила и фустани од нејзината најнова колекција, вели изворот и додава дека сопругата на фудбалерот Лука Јовиќ, кој игра за Фиорентина, потрошила значителна сума пари и за украсување.

„Таа беше посветена на секој детал и ништо не препушташе на случајноста.За ресторанот избрала покривки и цветни аранжмани во бела боја.Имаше и позлатени свеќници и балони, без кои не може да се замисли таква голема прослава.Гостите имаа на располагање различни специјалитети од менито, од морска храна до разни видови месо, како и најскапите пијалоци меѓу кои и шампањ“.

На прославата, покрај Софија, највесели биле нејзините пријателки Јелена Карлеуша, Милица Павловиќ и Јелисавета Орашанин.

„Бев бремена последните два родендени, па не правев забави, а пред тоа имаше пандемија на корона вирус. Затоа сакав да направам незаборавна вечер за моите пријатели.Беше магично. Организирав се за неколку дена – од декорации до храна. Беше баш како што замислував. Ангажирав две пејачки, бидејќи најубаво поминувам со женски песни. Среќна сум што успеав да ги соберам семејството и пријателите и што сите си поминавме одлично“ – изјавила Софија.

Фото: Инстаграм принтскрин/sofijamilo

To top