Вчеравечер се емитуваше 28-та емисија од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, а во која настапи Софче Џорлева, инаку мајка на младиот пејач Огнен Здравковки.
Софче беше во дуел со Розика Бабиќ, а со песната„Алај ми је вечерас по вољи“ и освои повеќе гласови, а со тоа директно се пласираше во четвртиот круг.
Таа доби само пофални зборови од жирито кое и сугерираше да направи свое музичко шоу бидејќи според нив е како создадена за тоа.
Меѓудругото, ја прашаа и за синот Огнен, односно дали попрво ќе стане ѕвезда или ќе ја направи баба?
Во тој момент Софче негираше дека наскоро ќе стане баба, а свекрва и е поприфатливо.
Како изгледаше тоа, погледнете ја емисијата во продолжение: