Радио Милева спонтано фотографирани

Собра храброст: Немања Гудељ ја објави првата фотографија со Анастасија, а Цеца веднаш коментираше (фото)

Собра храброст: Немања Гудељ ја објави првата фотографија со Анастасија, а Цеца  веднаш коментираше (фото)

Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ веќе три месеци уживаат во врската, но не објавуваат многу заеднички фотографии иако и двајцата се активни на Инстаграм.

Тие двајца секој слободен момент го поминуваат заедно, па претходните денови беа на Ибица во приватна вила, која  беше подарок  на Анастасија од фудбалерот за нејзиниот роденден.

Немања штотуку ја објави првата заедничка фотографија, иако некои можеби очекуваа тоа да се случи порано. На објавата тој и Анастасија не се сами, тука е и неговиот брат Драги, а во коментарите се придружила и Цеца која напиша „моите тројца најубави мускетари“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Можеби нема ни да ги препознаете, бидејќи избраале спортски верзии за спонтано фотографирање, како и капи и очила за да привлечат што помалку внимание.

Претпоставуваме дека поради деловни обврски пејачката и фудбалерот моментално се разделени, со оглед на тоа што тој има обврски во Севиља, додека таа ја промовира својата нова песна.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/nemanjagudelj/О.Буник/А.Димитријевиќ

To top