Откако фреквенцијата на телевизијата на Боки 13 престана да емитува програма, заврши и водителскиот ангажман на водителакта на забаваната емисија „Ексклузив“, Николина Славковска, како и на голем број од нејзините колеги во телевизијата.
Но животот тече понатаму, па кој како успеа да се снајде, продолжи во медиумите или започна нешто сосема ново како во случајот на Николина.
Имено, Николина или како што милува да се потпишува, Нина Ред, љубовта кон медиумите ја стави на „стенд бај“.
Како што пишува „Слободен печат“, Нина му се врати на танцот, односно сега работи како инструктор по танц во „Сонриса“.
Танцот е нејзина стара љубов, а доколку се сеќавате, претходно можевме да ја глеаме како танцува во спотовите на македонските пејачи.
Камерите повторно ќе бидат пред неа, но микрофонот ќе и фали, барем засега.
За потсетување, Нина најпрвин ја гледавме во естрадниот магазин „Бекстејџ“, па потоа смени екипа и замина во сега згаснатиот „Ексклузив“.