Радио Милева

„Со задоволство го паметам тоа време“: Лепа Брена прозбори за периодот кога живееше во Скопје

„Со задоволство го паметам тоа време“: Лепа Брена прозбори за периодот кога живееше во Скопје

Фолк пејачката Лепа Брена дефинитивно важи за една од најпопуларните пејачки во регионот, а тоа го потврдуваат и клубовите, дискотеките, салите кои се полни до последно место кога настапува пејачката.

Уште од нејзините почетоци таа настапувала од Вардара до Триглава, а денес секаде е добредојдна и се чувствува како дома.

Сопственичката на Гранд, неколку пати досега има изјавено дека во Македонија се чувствува исто како во втор дом, а дека македонската публика е најдобра.

Пред дваесетина година Лепа Брена заедно со нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ живееле во Скопје каде што имале сопстевен бизнис и фирма.

фото: србијаданас

Во интервју за Вечер, Брена вели дека го памети тој период.

„Со задоволство го памтам тоа време. Македонија ми е во срцето. Само што денес Скопје не можам да го препознам, многу е сменето, многу е изградено, па и самата таа “Водњанска” по која се движевме воопшто не ми е иста, вели Лепа Брена за Вечер.

 

To top