Македонската поп дива Калиопи, колку што е позната во нашата земја, толку е позната и почитувана и во регионот. Ако не и повеќе, со оглед на тоа дека почесто настапува во земјите на бивша Југославија.
Калиопи често е на релација Македонија-Србија- Хрватска….. Таму покрај тоа што има свои фанови, има и свои пријатели. Па кога не настапува, оди да ги посети нив и да ужива во убавините на регионот.
Така, деновиве Калиопи беше во посета на своите пријатели, а на Инстаграм профилот сподели неколку фотографии и покажа како ужива.
Во една прилика таа ја искористи кујната на својата пријателка Тамара и се проба да прави палачинки.
А сега Опи се враќа во Македонија, па на својот „Инса стори“ сподели фотографија од куфери, а во описот напиша – „Време е да кажам чао“.
Опи сигурно си поминала убаво, но, сепак…само дома си е дома, па поп дивата со полн куфер љубов се враќа дома…на пат до Македонија!
фото:Инстаграм
Калиопи на својот Инстаграм профил сподели фотографија од неколку куфери, а во описот на напиша „Време е да кажам чао“. Каде тргна со куферите не знаеме.
Каде Опи тргна останува да видиме.
фото:инстаграм