Популарната скопска рок група „Пеперминт“, по подолго време, се појави со нова песна насловена „Не се дише (No air)“. Инспирирани или поточно, како и сите ние напатени од енормно големата загаденост на воздухот во главниот град, Горан „Пајак“ Трифуновски и екипата во песната повикуваат на поголема еколошка свест, иако стиховите можат да се протолкуваат и како чувството на затвореност.
Споментаиот гитарист, вокал и фронтмен на бендот е комплетен автор на песната, како и на забавното и необично видео, во кое со помош на компјутерската анимација е направена интересна синтеза на ликовите на членовите на групата, нивните гримаси и движења и познати ликовни уметнички дела, односно познати личности низ историјата, веројатно позајмени од некаква постоечка апликација.
„Нема земја, нема дрвја, нема воздух, нема здрава храна, нема име, нема правда, нема доктор, нема ученици… Како затворени во шише, више не се дише…“ – пејат во стиховите рокерите од „Пеперминт“.
Како и да е, вредно да се преслуша и погледне, доколку во меѓувреме се уште сте живи, оти како тргнало, се загушивме, ќе поцркаме… Зашто, навистина „Не се дише“!