Радио Милева ригорозна

Со оваа диета Јелена Карлеуша изгубила 10 килограми за да зачекори на писта заедно со познатите манекенки (фото)

Со оваа диета Јелена Карлеуша изгубила 10 килограми за да зачекори на писта заедно со познатите манекенки (фото)

Јелена Карлеуша се појави како специјална гостинка на неодамна одржаната ревија на брендот „Vetements“, во рамки на Париската модна недела. Таа прошета на пистата во широки црвени панталони и едноставна светло сива маичка и ја покажа својата совршена фигура.

Многумина се согласуваат дека музичката ѕвезда, која е мајка на две возрасни девојчиња, никогаш не изгледала подобро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Јелена се пофали дека има совршена линија и минатата година, во времето на објавувањето на албумите „Алфа“ и „Омега“. Тогаш открила дека благодарение на коригирана исхрана ослабела десет килограми кои во меѓувреме не се вратиле.

– Мојата исхрана е без месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи. Јадам многу овошје пред се, а потоа зеленчук – открила пејачката.

Сепак, има уште неколку тајни за совршената фигура на Јелена. Секој ден пие три литри вода, презира слатки и никогаш не пробала кафе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Ефективната диета на Јелена Карлеуша, иако ригорозна, остава можност за консумирање разновидна храна.

За појадок, пејачката јадела сирење со малку маснотии, овесна каша, интегрален леб и микс од овошје. За време на ужината јадела две јаболка или 300 грама цреши. Ручекот се базирал на зеленчук, додека за вечера избрала полесни оброци, како што се салата од лиснат зеленчук или салата од тиквички.

фото:Instagram printscreen/ karleusastar

To top