Радио Милева облечена во тон

Со отворен грб, во духот на летото: Ева Лонгорија блеска од сексипилност (фото)

Со отворен грб, во духот на летото: Ева Лонгорија блеска од сексипилност (фото)

При изборот на тоалети за специјални прилики, актерката Ева Лонгорија секогаш прво се свртува кон колекциите на нејзината пријателка Викторија Бекам.

Актерката Ева Лонгорија е почесен претседател на организацијата „Куќа на ангелите“ која во 2013 година ја основа шпанската бизнисменка и актерка Марија Браво, а дневниот центар на оваа установа за деца со посебни потреби организираше прием, на кој беше присустна и ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“. Ева за оваа пригода избра многу елегантен фустан дизајниран од нејзината најдобра пријателка и кума, британска дизајнерка Викторија Бекам.

Станува збор за класичен модел во стил на „slip“ фустан, кој е украсен од страна со ефективна и ненаметлива тантела. Лонгорија се одлучи за фустан со тенки прерамки и отворен грб, кој суптилно ги истакнува нејзините облини, а највпечатливо на оваа креација е бојата.

Имено, станува збор за неонска нијанса на жолта, совршена за летните месеци, Покрај интересниот фустан со деколте, Ева носеше и жолта лепеза, како и пристоен накит, додека косата ја подигна во високо и бујно опавче.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

To top