Следната сабота започнува третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ каде кандидатите ќе настапуваат во дуели, односно еден кандидат ќе се бори против друг.
Оваа година имаме неколку македонски кандидати кои имаат своите ментори од членовите на жирито.
Тие во некои од наредните емисии ќе си ги одмерат силите со своите противници, а само еден од нив ќе помине.
Во неделата во емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“, членовите на жирито, односно менторите на кандидатите влекоа ждрепка и ги бираа своите кандидати.
Така, Огнен Здравкоски чиј ментор е Марија Шерифовиќ ќе се „бори“ против Самeд Џело чиј ментор е Драган Стојковиќ Босанац.
Кога се најдоа во дуел Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ, Јелена за свој кандидат го одбра Филип Пецовски кој ќе се бори против Стефан Величковски. Тие овој дуел го нарекоа македонско дерби, бидејќи ќе се еден против друг ќе се борат двајца Македонци.
Сања Тодоровиќ од Скопје ќе биде во дуел со Милица Чикариќ….
а додека пак Адам Лабунски ќе е во дуел со Стефан Дениќ.
Македонецот Дарко Коцевски кој е од групата на Џорџе Давид ќе се бори против кандидатот од групата на Марија Шерофивиќ, Армин Јусуфовиќ.
Гоце Бошковски ќе се натпреварува против Бењаним Кличиќ…
додека пак Елена Миеленковска ќе ги измери силите со Велдина и Садо.
Кумановецот Маринијан Кириловски ќе протви кандидатот на Ана Бекута, Марта Јовичиќ.
Додека Ангел Јовевски чиј ментор е Шерифовиќ ќе се наптреварува против Јован Марковиќ од групата на Ана Бекута.
Во следниот период менторите ќе работат со своите кандидати, а како нашите ќе се претстават и до каде ќе стигнат останува да видиме.